Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов имал уште поголема плата од таа што се мислеше

Стојанче Ангелов имал уште поголема плата од таа што се мислеше

Стојанче Ангелов во анкетниот лист што го поднел до Државната комисија за спречување корупција како нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување објавил дека неговиот месечен нет-приход изнесува 116.000 денари.

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголеми платата на оваа функција со одлука на Владата откако со ДЗС почна да раководи поранешниот директор на Центарот за управување со кризи.

Неговата плата, според реакциите на синдикалните организации, требаше да се зголеми за околу 12 илјади денари, односно за 13,8 отсто. Па така, платата која досега била 92.375 денари, беше пресметано од синдикатите дека ќе биде 105.159 денари.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и претседателот на оваа организација Слободан Трендафилов. реагираа дека коефициентот спрецијално за Ангелов се зголемил од 2,24 на 2,55, додека работниците чекаат зголемување од 12,6 отсто на платите согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и покачување на минималната плата на 500 евра.

„Ако зголемувањето на платите на работниците ја зголемува инфлацијата, тогаш зошто зголемувањето на платите на функционерите не би имало ист ефект? Или можеби ја намалува инфлацијата?“, реагираше тогаш Трендафилов.

Ангелов во анкетниот лист објавил и дека добива воена инвалиднина со месечен приход од 31.000 денари.

А.К.

Слично

Поврзани вести