Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов и вечерва излегува пред МРТВ

Стојанче Ангелов и вечерва излегува пред МРТВ

И вечерва Стојанче Ангелов борбата за објективност ќе илезе да ја бара пред Националниот сервис од каде потоа ќе се упати пред Јавното обвинителство.

Како и секоја вечер така и оваа во 19 часот пред вратите на МРТВ ќе одржи говор барајќи Националниот сервис да ги објави снимките кои опозицискиот лидер ги објавува на прес конференции.

Тој пред два дена одржа средба со Генералниот секретар на Јавниот обвинител  и од истиот беше известен дека во следните неколку дена ќе биде примен од јавен обвинител пред кој ќе ги повтори барањата.

Ангелов бара да го известат врз која одлука Јавното обвинителство го објавиле соопштението до медиумите со кое што неформално и забрануваат на МРТВ да ги емитува разговорите што ги објавува опозицијата.

Слично

Поврзани вести