Стогодишница од почетокот на Првата светска војна
Вечерва по повод стогодишнината од Првата светска војна ќе се одржи Комеморација за сите паднати жртви во Првата светска војна пред споменикот на паднатите херои за Македонија, спроти Собранието на Република Македонија.
Комеморацијата се организира во соработка со Амбасадата на Република Италија во нашата држава. Предвидено е обраќање на директорот на Воениот музеј Александар Стојчев, а композицијата „Тишина“ ќе ја изведе претставник на Воениот оркестар.
- Комеморацијата по повод стогодишнината од Првата светска војна претставува хуман чин преку кој Македонија заедно со други држави засегнати од оваа војна се вклучува во активностите организирани на меѓународно ниво. Со оваа комеморација, нашата држава дава почит кон паднатите борци и жртвите во Македонија, но и на сите воени и цивилни загуби и страдања во светски рамки, информира Министерството за одбрана.
