Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стогодишна новосаѓанка споделува рецепт за долговечност

Стогодишна новосаѓанка споделува рецепт за долговечност
Илона Ковач (102) е најстарата новосаѓанка која го сподели рецептот за долговечност. Таа вели дека не спие премногу, внимава како се храни и ужива во розите. Родена е во октомври 1914 година и е најстара во градот според евиденцијата на Црвен Крст Нови Сад. „Ги слушам советите на лекарите, а лекови пијам само кога морам. Сакам рози, имам бавча со цвеќе, ги одгледувам и тоа ме прави среќна“-вели Ковач. Ковач ужива во пензијата, а во секојдневните обврски и помага синот кој живее со неа. На свои 19 години дошла во Нови Сад заради вработување, учела којачки занает, има две деца, два внука, и четири правнуци. По повод 8 март, неа ја посети градоначалникот Милош Вучевиќ кој рече дека најстарите членови се пример за сите други граѓани. „Тие ја граделе нашата земја, воспитувале генерации и благодарение на нивното целоживотно залагање поставени се темелите на државата во која живееме“-кажа градоначалникот. Црвен Крст Нови Сад секоја година организира настан на кој ги собра најстарите граѓани, а воедно доделува и награда за брачната двојка која најдолго е во брак.
Слично

Поврзани вести