СТО ДЕНА ВЛАДА: Груевски најави нови инвестиции, повисоки плати и пензии
Премиерот Никола Груевски денеска ги презентираше постигнувањата на Владата во првите 100 дена по изборите, но и ги најави претстојните проекти. Така, Груевски најавува шест нови инвестиции, од Германија, САД и Турција, кои ќе донесат 3.200 нови работни места во земјава.
Интерните одлуки за реализација на овие инвестиции биле веќе донесени и наскоро се очекува компаниите да ги соопштат во јавност.З аедно со шесте нови најавени инвестиции, од изборите досега 31 компанија одлучила да инвестира во Македонија.
Од вкупно предвидените проекти во изборната програма, Владата, според Груевски, досега реализирала 116 проекти, а 554 се веќе во тек, додека дополнителен 161 проект кои не беа најавени се спроведуваат.
Груевски во отчетот потенцира дека Македонија забележа најголем раст на економијата во Европа за првите шест месеци, благодарение пред се на клучните капитални инвестиции, како и рекордниот извоз на компаниите од технолошко-инустриските развојни зони. Невработеноста во земјата постојано се намалува, а као никогаш досега се вложува во инфраструктурата, се пофали премиерот.
„Донесена е одлука и предвидени се средства во Буџетот за 2015 да продолжи зголемувањето на пензиите за пет проценти, почнувајќи од септемвриската пензија во 2015 година, која се исплаќа во октомври. Донесена е исто така одлука и предвидени се средства во Буџетот за 2015 за да продолжи зголемувањето на социјалната помош на граѓаните, за зголемување на надоместоците за социјална помош почнувајќи со зголемениот надоместок во јуни, кој се исплаќа во јули 2015 година“, рече Груевски, споменувајќи дека веќе е донесена одлуката за зголемување на платата на администрацијата за 4% почнувајќи од овој октомври.
Во отчетот за првите 100 дена од работата на Владата, во делот на социјални и економски мерки, Груевски го наведе и проектот за отпис на долговите за одредени категории граѓани, кој веќе се реализира. Гиспомена и мерките за бесплатен превоз за пензионерите и студентите.
„Ќе продолжиме силно и понатаму. Има уште многу проекти кои треба да движат напред, уште многу работа и свесни сме за тоа. Свесни сме и за надежите кои ги полагате во нас. Ќе продолжиме со силно темпо за секој еден од вас затоа што вашата доверба мотивира“, рече Груевски, обраќајќи им се на граѓаните/
Слично
