СТИВЕН БРАНКОК ПРЕДУПРЕДУВА-ЌЕ ИМА УШТЕ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО НАФТА: Некои не успеваат да ги реализираат ниту квотите што им се доделени
Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари до 106
долари, бидејќи тесните резерви ги засенија стравувањата од рецесија што ќе ја
уништи побарувачката.
На лондонскиот пазар цената на барелот вчера попладне беше за 1,17 долари повисока отколку на затворањето во четвртокот и изнесуваше 105,82 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 1,37 долари, од 104,1 долар.
Трговците беа преокупирани оваа недела од знаците за олабавување на активностите откако централните банки во водечките економии одлучија да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја ограничат инфлацијата. Слабеењето на економијата значи и послаба побарувачка на енергетски производи, пренесува Мина.
Загрижени се и за тестирањето на граѓаните за Ковид-19 во Шангај, бидејќи Кина спроведува политика на нулта толеранција за ширење на инфекцијата, па може повторно да воведе „карантини“, што би влијаело и на потрошувачката.
Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници истовремено опстојуваат само на скромно зголемување на производството, а некои не успеваат да ги реализираат ниту квотите што им се доделени.
„Економските проблеми можеби ги разнишаа цените на нафтата оваа недела, но пазарот сè уште сигнализира дека е подготвен да ги зголеми цените, бидејќи тесниот проблем со снабдувањето е поверојатно да се влоши отколку да се ублажи“, објасни Стивен Бренок од брокерската куќа ПВМ.
Стивен Инес од SPI Asset Management предупреди дека состојбата на економијата ќе стави ограничувања на нагорниот тренд.
„Бидејќи зголемувањето на каматните стапки не е завршено и САД најверојатно се во техничка рецесија, амбициите на пазарот да ги зголемат цените може да бидат доста ограничени“, рече Инес.
Поради празниците во муслиманскиот свет, ОПЕК ниту во четвртокот не ја објави цената на барел референтна кошничка нафта на своите членки. Во средата чинеше 114,3 долари.
ФОТО: EPA