СТИМУЛ ЗА КРЕАТИВНОСТА: МОН ќе избира најдобра училишна веб страница!
Од МОН денеска најавија дека ќе избираат најдобра веб страница .
Државниот натпревар за избор важи за сите основни и средни училишта за учебната 2015/2016 година.
Според заменик министерот Спиро Ристовски креативниот и иновативен потенцијал на учениците преку примена на компујтери, компјутерски алатки и програми е една од приоритетните заложби на Министерството, посочувајќи дека овој натпревар е воведен токму во таа насока за стимул на помалку креативните и за развој на натпреварувачкиот дух
!Веб страницат треба да биде изработена од редовните ученици во училиштето, предводени од најмалку еден наставник и при тоа, не е дозволено користење на готов урнек“, истакна Ристовски повикувајќи ги сите ученици да се вклучат во натпреварот во кој пресудни за победа ќе бидат квалитетот, оригиналноста на дизајнот и функционалноста на изработените страници.
Сите заинтересирани за учество во натпреварот може да се пријават најдоцна до 31 мај 2016 година а селекцијата ќе ја врши Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за информатичко општество и администрација.
