Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТИГНАА ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ КАЈ СЕВЕРНИОТ СОСЕД - изброени се за половина милион помалку граѓани на Србија

СТИГНАА ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ КАЈ СЕВЕРНИОТ СОСЕД - изброени се за половина милион помалку граѓани на Србија

Според првите резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година, во Република Србија има 6.690.887 жители. Пописот од 2022 година собра податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови.

Пописот е спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година. Во неколку поголеми градови собирањето податоци на терен беше продолжено до 7 ноември. Исто така, на граѓаните кои од која било причина не биле попишани, дозволено е телефонски да се попишуваат до 17 ноември 2022 година.

Во однос на Пописот од 2011 година, вкупниот број на жители е намален за 495.975, или за 6,9 отсто. Намалување на бројот на жители е забележано во сите региони (околу 10 отсто), освен во белградскиот регион каде што бројот на жители е зголемен за околу 1,6 проценти.

Блиц.рс

Слично

Поврзани вести