Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигнаа критики за Колинда која вели „Албанците им се браќа по оружје“

Стигнаа критики за Колинда која вели „Албанците им се браќа по оружје“

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, во врска со изјавата на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, дека Хрватите и Албанците се браќа по оружје, рече дека му е многу жал затоа што хрватската политика не може да се ослободи од длабокиот комплекс кој го чувствува кон Србите и Србија.

„Единствен критериум да бидете браќа со Хрватска е да сте учествувале во убивање Срби. Жал ми е што е така и што хрватската политика не е во состојба да пронајде друг начин да се поврзе со своето окружување и да пронајде друга вредност поради која некого би ги нарекла свои браќа“- изјави Вулин, коментирајќи ја изјавата на Грабар-Китаровиќ.

Тој кажа дека учествувањето во убивањето Срби не е нешто поради кое треба да се збратимите со некого.

Грабар-Китаровиќ во говор во текот на посетата на Тирана говореше за трајното и неразделно пријателство меѓу Албанија и Хрватска и улогата на албанското малцинство во хрватското општество.

„Буквално бевме браќа по оружје пред да влеземе заедно во НАТО во 2009 година. Многу Албанци ги жртвувале своите животи за Хрватска и верувајте ми дека Хрватска нема да го заборави тоа“- рече таа.

Српскиот претседател,  Александар Вучиќ рече дека на Србија не ѝ се потребни браќа туку пријатели.

Слично

Поврзани вести