Стигнаа дозволите, црногорската пршута заминува за Русија
Шест црногорски производители на месо и месни производи конечно добија одобрување од инспекциските органи со кое своите произведи ќе можат да ги извезуваат на пазарот на Руската Федерација, јави интернет порталот Б92.
„Ова е официјална одлука на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Руската Федерација, која беше донесена по прелиминарната согласност која ја добивме во 2012 година.Оваа дозвола наметна голем број на чекори кои требаше да се направат за да се исполнат потребните услови за извоз", објасни амбасадорот на Црна Гора во Русија Зоран Joцовиќ.
Процедурите за добивање на дозволите за извоз беа почнати пред три години, а по добиена согласност претходеше понатамошно усогласување на стандардите.
Слично
