Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТИГНА ОДГОВОРОТ ОД КИНА НА ЦАРИНИТЕ ОД 104 ОТСТО: Не сакаме трговска војна со САД, но ќе бидеме приморани на неа

СТИГНА ОДГОВОРОТ ОД КИНА НА ЦАРИНИТЕ ОД 104 ОТСТО: Не сакаме трговска војна со САД, но ќе бидеме приморани на неа

Кина не сака трговска војна со САД, но ќе биде принудена да се вклучи во борбата доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да ги ескалира трговските тензии, објави во средата нејзиното Министерство за трговија.

Нема победници во трговската војна, се вели во соопштението на Министерството.

Кина не го сака тоа, но владата никогаш нема да дозволи легитимните права и интереси на кинескиот народ да бидат повредени или одземени.

Трамп воведе царини од 104 отсто за Кина, а Пекинг го нарече потегот уцена и најави одговор.

САД ги користат тарифите како алатка за создавање максимален притисок за себични цели, односно класичен унилатерализам, протекционизам и економска злоупотреба, изјави портпаролот на Министерството.

Слично

Поврзани вести