Стигна објаснување за лажното ветување за автопатот
Од министерството за транспорт и врски неисполнетото ветување дека до крајот на оваа седмица, односно денеска ќе биде пуштен во употреба за возење делницата Миладиновци - Штип го оправдаа со тоа што се уште се прави техничка проверка на дел од автопатот.
„Дел од патот од Штип до Кадрифаково е веќе во употреба и по него се вози. Додека, делот од Кадрифаково до Миладиновци е во фаза на техничка и безбедносна проверка. Штом се завршат овие проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Ве уверувам дека тоа ќе биде многу наскоро“, изјави Кире Коцевски, портпаролот на министерството.
Измамени возачи денеска се пожалија дека автопатот Штип – Миладиновци е затворен за сообраќај, иако беше најавено дека по него ќе може да се вози.
Засега нема конкретен временски период кога возењето ќе биде официјално и непречено.
