Стигна и петиот воз од Кина, железничкиот сообраќај и натаму со тешкотии
Додека во Македонија пристигнува петиот од шест нови патнички возови произведени во Кина, граѓаните кои се возат со Македонски железници се жалат на стандардните проблеми, скратен возен ред, нечисти и затворени чекалници, па дури и во период кога температурите се опасно под нулата и доцнења.
Секако, обновувањето на возниот парк на Македонски железници е за поздравување бидејќи патниците удобно ќе се возат, но непходно е и брзо подобрување на железничката инфраструктура, поврзаноста со дестинации и зголемување на возниот ред согласно потребите на граѓаните.
Слично
