Стигна и официјално барање на Трибуналот: Шешељ наскоро во Хаг?
Во Министерството за правда во Србија стигнал допис од Хашкиот трибунал за враќање на лидерот на Српската радикална партија и хашки обвинет Војислав Шешељво таа институција, велат од тоа Министерство. Лидерот на радикалите повтори дека нема доброволно да се врати во Шевенинген, но дека нема ни да бега.
-Владата на Србија прашајте ја што ќе прави. Јас моето си го кажав - не одам доброволно, но нема ни да бегам. Продолжувам со партиските активности како ништо да не се случило, а тие нека мислат што и како ќе прават - рекол Шешељ пред промоцијата на неговата книга „Говорот на омраза како злосторство против човештвото“ во Белград.
Коментирајќи ги најавите од владата дека по добивањето на барањето ќе постапи по закон и во согласност со меѓународното јавно право, Шешељ оценува дека Владата во тој случај ќе го згази законот, бидјеќи законот по Уставот на Србија ги гарантира човечките права.
-А мене во Хаг сите права ми се згазени - рекол Шешељ.
Премиерот на Србија Александат Вучиќ рекол дека по добивањето на барањето на Судскиот совет на Хашкиот трибунал за враќање на Шешељ во притворска едници, Владата ќе постапи по законот на Србија и во согласност со меѓународното јавно право.
Седум месеци од враќањето од Хаг, Војислав Шешењ наскоро повторно би можел да се најде во ќелија во Шевенинген. Меѓутоа, остана нејасно како Судскиот совет на Хашкиот трибунал донел одлука за враќање на Шешењ, без изјаснување на Судoт кој му суди.
