Стиглиц: Еврото го наруши мирот во Европа
Еврото ги дели Европејците и не е корисно за мирот, изјави во интервју за германскиот весник „Ханделсблат" носителот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц.
„Сите надворешни набљудувачи ќе се согласат дека еврото и политиката за спасување на еврото во овие услови ги подели европејците. Станува збор за поделениот меѓу земјите, но и внатре во државите каде што екстремистичките и националистичките струи стануваат посилни. Тоа не е добро за мирот. Генерално еврото е контрапродуктивно ", истакнува Стиглиц.
Џозеф Стиглиц сепак го поздрави доделувањето на Нобеловата награда за мир на Европската унија во петокот и рече дека Унијата е создадена како мировен проект со цел да го обезбеди мирот во Европа. Сепак појаснува тој, не смее да се стави равенство меѓу ЕУ и еврозоната.
Слично
