Стиглиц: Еврото не ја донесе ветената благосостојба
Еврото не ја донесе ветената благосостојба, туку поделба и оддалечување, изјави неодамна Џозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда, и еден од водечките светски интелектуалци.
Во својот нов труд, кој беше објавен на 14 септември, Стиглиц објаснува дека еврото „е закана за иднината на Европа“. Тој констатира дека заедничката валута наместо да овозможи изедначување на животниот стандард во земјите членки, не ја донел ветената благосостојба, туку сосема обратното – поделби и понатамошно зголемување на разликите.
Неодамнешното истражување на СЕРП прави оценка на последиците од монетарната унија за зголемување на разликите во цените во одделни држави, како да се сопре и за секторските дисбаланси.
Големите макроекономски разлики меѓу најбогатите и најсиромашните земји од еврозоната беа толкувани во првите години по воведувањето на заедничката валута, како одраз на еден процес на оддалечување на првите од вторите. Затоа е бескорисно да се тревожиме. Таа теза ги штити економските експерти како Оливие Бланшар и Франческо Џаваци. Изгледа требаше да ја дочекаме кризата во еврозоната за да биде ставено под лупа тој претпоставен процес на економско изедначување на земјите членки. Во 2015 година, Беное Киоре, член на Извршниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) констатираше дека разликите во приходите по глава на жител се зголемиле меѓу одделни држави членки – нешто што ја става под сомнеж една од фундаменталните цели на монетарната унија.
Од создавањето на монетарната унија до глобалната финансиска криза од 2008 година, цените во секторите кои се предмет на протекционизам во однос на оние кои се изложени на конкуренција, пораснале многу повеќе во државите на периферијата (27 проценти) отколку во оние од центарот на еврозоната (12 проценти). Балоните со становите изиграа важна улога за таквиот развој. Растот на заштитените сектори всушност не се должи само на живеалиштата. Во Португалија, на пример, вработеноста во станбениот сектор и градежништвото дури и се намалило (за осум проценти) меѓу 1999 и 2008 година. Дури и да бидат исклучени недвижните имоти, споредбените цени пак чувствително растат, за 24 проценти, во периферијата во периодот 1999-2008 година.
Причина за тоа е големиот пораст на цените во државната администрација, здравството и образованието (51 проценти), финансиите (41 проценти), инфраструктурните сектори (водо- и електроснабдувањето, просечно за 40 проценти меѓу 1999 и 2008), и трговијата на големо и мало (26 проценти).
