Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стевче Јакимовски „заработи“ кривична за спречување јавен собир

Стевче Јакимовски „заработи“ кривична за спречување јавен собир
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска ќе поднесе кривична пријава против претседателот  на  ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и против лицето А.Т. за сторено кривично дело спречување  јавен собир. Двајцата вчера организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата Ајде, која ден претходно во СВР-Скопје писмено најавила организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје. А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до СВР-Скопје најавил дека на 15.03.2016 година во 18 часот,  ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ, не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир. Во соопштението од МВР се наведува дека просторот пред Уставен суд бил насилно узурпиран со поставување тенди и монтирање бина.
Слично

Поврзани вести