Стевче Јакимовски му поднесе две кривични на министерот Спасовски
Претседателот на партијата, ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека поднесува две кривични пријави против министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Едното кривично дело е за злоупотреба на службената положба и овластување, а другото е сторено според законот за спречување на судир на интереси.
„Злоупотребата со искористување на службените должности и овластувања е извршена затоа што во својство на службено лице се водел од лични и политички интереси во организирањето на протестот. Извршил злоупотреба со пречекорување на службените овластувања затоа што на ден 15 март 2016 година, организирал приватна партиска забава или протест во кој што и самиот учествувал“- вели Јакимовски.
Тврди дека министерот Спасовски, ги пречекорил службените овластувања, направил штета на министерството кое го раководи и сторил кривично дело, со тоа што на протест на кој тој е организатор, ги употребил униформираните и неуниформираните лица на јавната безбедност од МВР, дел од Управата за безбедност и контраразузнавање, единиците за специјални намени, и ги искористил полициските возила.
Пред неколку дена МВР поднесе кривична пријава против Стевче Јакимовски, за сторено кривично дело спречување на јавен собир.
Слично
