Степенот на терористичка закана е зголемен во Турција
Во Турција е зголемен степенот на терористичка закана по најновата серија напади.
Во изминатите 24 часа во земјата имаше три напади врз полициски и воени сили во кои загинаа повеќе од 11 луѓе и најмалку 220 се повредени.
Турските власти сметаат дека одговорни за тие напади, кои се случија на југоисток во Турција се припадници на Работничката партија на Курдистан.
Во експлозија што се случи околу 13 часот по локално време загинаа четворица турски војници, а седуммина се ранети. Според турски медиуми, експлодирала мина која разнела воено возило во округот Хизан во провинцијата Битлис, на југоисток во државата.
Во судири меѓу турски безбедносни сили и курдски бунтовници во соседно село загина еден полицаец.
Во два напади на полициски станици, во Ван и во Елазиг претходно се убиени најмалку шест луѓе и 219 беа ранети.
