Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТЕЛТ ОМИКРОН ТЕШКО СЕ РАЗЛИКУВА ОД ДЕЛТА СОЈОТ: А секој што се заразил со омикрон е заштитен од неговиот подвид, оценува вирологот Шеклер

СТЕЛТ ОМИКРОН ТЕШКО СЕ РАЗЛИКУВА ОД ДЕЛТА СОЈОТ: А секој што се заразил со омикрон е заштитен од неговиот подвид, оценува вирологот Шеклер

Д-р Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот специјалистички институт во Краљево, вели дека подтипот на омикрон, стелт, не е тешко да се дијагностицира, но тешко се разликува од делта сојот.

-Проблемот е што овој вид е тешко да се разликува од делта сојот со ПЦР-тестирање, која досега можеше да ја одвои постарата верзија од омикрон. Тоа не е случај со „стелт“, тој не може да се одвои, не може лесно да се разликува дали е омикрон или делта“, објасни Шеклер.

Тој истакнува дека, и покрај големиот број пациенти во болниците, се покажува дека сојот омикрон не е ниту мутант, ниту Франкенштајн, што ќе не убие сите.

Секој што еднаш се заразил со омикрон е заштитен од подвидот вели д-р Шеклер, истакнувајќи дека симптомите на омикрон се далеку поблаги од порано, но само кај вакцинираните луѓе.

„Во повеќето случаи симптомите се поблаги посебно за вакцинираните, но кај постарите, имунокомпромитирани...лесно се комплицира и се јавува пневмонија и потреба од кислород, вели Шеклер.


Слично

Поврзани вести