СТЕЛТ ОМИКРОН ГИ ЗАГРИЖУВА ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ: Кон - за овој вид не знаеме ништо
Набрзо нема да има намалување на бројот на новозаболени, вели српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, д-р Предраг Кон. Тој вели дека загрижува појавата на најновиот вид омикрон стелт.
„Сега е максимумот од овој бран и би можеле да кажеме дека постепено ќе излегуваме од него. Ќе доживееме олеснување во наредните недели, но се појави стелт омикрон, вид за кој уште не можеме да тврдиме ништо и не знаеме како ќе се одрази на епидемиолошката состојба“, рече тој.
Кон вели дека сега најмногу се разболуваат лица од 20 до 50 години, но дека постепено болеста се прелева на деца помлади од 18 години. Болниците ги полнат сепак, од друга страна, постари лица и тие кои не се вакцинирани.
Слично
