Стејт департментот: Турски тек е поткопување на енергетската безбедност на Европа
Стејт департментот ја обвини Москва дека го користи новоотворениот гасовод Турски тек за поделба на Европа и завладејување со енергетската безбедност на континентот.
Претседателите на Турција и Русија неодамна свечено го одбележаа пуштањето во работа на гасоводот Турски тек кој ќе го пренесува рускиот гас до Европа преку Турција, одминувајќи ја Украина.
Портпарол на Стејт департментот истакна дека САД продолжуваат да се спротивставуваат и на „Северен тек 2“ и на „Турски тек“, наведувајќи дека „Русија разбира дека овие проекти ја делат Европа и тоа го користат во своја полза“.

Како што наведе портпаролот, САД сметаат дека овие гасоводи и овозможуваат на Москва да ја користи енергијата како лост за политички притисок врз европските држави.
„Веруваме дека Северен тек 2 и Турски тек не прават ништо за да ги постигнат целите на енергетската безбедност во Европа и ќе и обезбедат на Русија дополнителна алатка за политичка и економска принуда кај европските земји, особено Украина“, додаде тој. .
Потсети дека Сенатот усвои предлог-закон за одбрана што воведува санкции и за двата гасоводи, како дел од пакетот мерки насочени кон „спречување на руската агресија“.
Европската унија се спротивстави на санкциите на САД против компаниите вклучени во изградбата на гасоводот „Северен тек 2“. Германската влада ги нарече санкциите „мешање во нашите интернационални работи“.
