Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департментот нотира поволна бизнис клима во Македонија, но има еден проблем

Стејт департментот нотира поволна бизнис клима во Македонија, но има еден проблем

Македонија креира поволна бизнис клима, но ризик е корона кризата. 

Ваква оценка за економијата даде Стејт департментот. 

Се наведува дека правната рамка за инвестирање во земјава во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните. 

„Земјата ја поедностави регулаторната рамка за странските инвеститори што работат во ТИРЗ, кои генерално имаат позитивни искуства и добра соработка со владините претставници. Допнолнителни позитивни фактори за поттикнување на странските директни инвестиции (СДСИ) и економскиот раст е што земјата влезе во НАТО, го реши спорот за името со Грција и ги почнува преговорите за членство во ЕУ“, стои во извештајот. 

Но, целокупната регулатива останува сложена и честите законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција.

Стејт департментот истакнува дека Северна Македонија сега е членка на НАТО и е поканета да започне преговори за пристапување во ЕУ, што ќе поттикне зголемени странски директни инвестиции и економски раст.

За соседна Албанија пак се забележани повеќе проблеми, а инвестициската клима е оценета како неповолна. 

Слично

Поврзани вести