Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт Департментот ја искритикува Албанијa

Стејт Департментот ја искритикува Албанијa

Албанија и понатаму e водечка држава за перење пари, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот.

Во извештајот за 2017 се констатира дека Албанија и понатаму е во значителен ризик од перење пари, голема корупција и слаби институции.

Како главни извори на „валканите пари“ се наведува трговијата со дрога, затајувањето данок, шверцот и трговијата со луѓе.

„Изградбата, особено во крајбрежните области, бизнис проектите и коцкарниците се најпопуларните методи за перење пари во Албанија“, се вели во извештајот на американското министерство за надворешни работи.

Се констатира дека албанските институции не се ефикасни во борбата против перењето пари, па парите лесно се перат.



Слично

Поврзани вести