Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департментот дополнително ќе извести за активностите на Нуланд во Македонија

Стејт департментот дополнително ќе извести за активностите на Нуланд во Македонија

Дополнително ќе бидат соопштени активностите на помошниот  државен секретар Викторија Нуланд во Македонија.

Од Американската амбасада во Скопје, велат дека Викторија Нуланд има многу патувања на агендата, а Стејт департментот ќе испрати соопштение доколку нејзините планови вклучат посета на Македонија, пренесе Плусинфо.

Фактор утринава објави дека Викторија Нуланд се вклучува во решавање на политичката криза во Македонија!

Како што информиравме, не очекува навистина жешко, но политичко лето, после пропаднатиот  прв посериозен бриселски обид  ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ да постигнат договор кој требаше да го отвори патот кон постепена нормализација на ситуацијата во земјата преку формирање на преодна Влада .

Првиот рок за премостување на кризата е до крајот на јуни, а доколку и до тогаш нема решение, вториот ќе биде крај на август,  велат доброупатени извори за „Фактор“ кои најавуваат  дека  во наредните неколку недели ќе се засили притисокот  врз  клучните политички субјекти .

Како времето ќе минува  така притисокот  врз премиерот  и лидер на ВМРО ДПНЕ  Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев  ќе се зголемува, а ќе кулминира  во текот на јули кога се очекува  во Скопје да допатува  американскиот помошник  државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд, брифираат извори за „Фактор“.

Брисел во координанција со Вашингтон  прави обид  да ја врати земјата во нормален  колосек,  целта  меѓудругото е  и да се спаси препораката  за почетокот на преговори со ЕУ која е ставена под знак прашање.

Засега имаме лимбо ситуација во која двете стани се многу далеку една од друга, велат дипломатски извори за Фактор.

Во текот на  наредните неколку денови  се очекува да се одржи нова рунда преговори , овој пат најверојатно иницирана од  македонскиот претседател  Ѓорѓи Иванов. „Фактор“  се обрати до кабинетот на шефот на дражавата.  На прашањето  дали по пораката од Брисел  дека македонските лидери сега сами треба да понудат  излез од кризата,  Иванов  би ја превзел  улогата на медијатор-олеснувач,  одговорот  оттаму беше дека немаат коментар.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/15/ekskluzivno-viktorija-nuland-se-vkluchuva-vo-reshavane-na-politichkata-kriza-vo-makedonija/" target="blank" ]ЕКСКЛУЗИВНО: Викторија Нуланд се вклучува во решавање на политичката криза во Македонија![/button]

Слично

Поврзани вести