Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департмент: Во Македонија има корупција, непотизам, неефикасност

Стејт департмент: Во Македонија има корупција, непотизам, неефикасност

Aмериканскиот Стејт департмент во новиот извештај ја обвинува македонската Влада за неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, при што се наведува високо ниво на корупција, протекција и селективни судски постапки.

Објавувањето на извештајот за човековите права во светот следеше ден подоцна откако претседателот Ѓорге Иванов, објави прекин на кривичните постапки против политичари и владини претставници кои се осомничени за вовлеченост во прислушувањето на илјадници луѓе.

Стејт департментот наведува дека властите во земјава и во 2015 година ги продолжиле напорите за ограничување на слободата на медиумите и се мешале во судството и селективното гонење.

„Политичкото мешање, неефикасноста, протекцијата и непотизмот, пролонгираните процеси, кршењето на правото на јавно судење и корупцијата го карактеризираа судскиот систем“- стои во извештајот.

Неколку часа пред вчерашното објавување на извештајот портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби изјави дека Вашингтон е „длабоко загрижен“ од најавата на Иванов да им прости на лицата кои се предмет на истрага во врска со скандалот со прислушувањето.

Слично

Поврзани вести