Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департмент: Верските слободи се почитуваат, верските прашања се политизираат

Стејт департмент: Верските слободи се почитуваат, верските прашања се политизираат
Во Македонија генерално се почитуваат верските слободи, но верските прашања сè повеќе се политизираат и тоа придонесува за намалување на верската толеранција, наведува Стејт департментот во извештајот за верските слободи во светот, во делот посветен на земјава. Притоа се наведува дека не постои официјална државна религија во Македонија, а со Уставот и другите закони и политики се заштитуваат верските слободи и во практика владата генерално ги почитува. „Сепак, речиси сите верски групи тврдат дека владата ја фаворизира Македонската православна црква со тоа што и гарантира даночни олеснувања и финасира изградба на нови цркви“, се додава во извештајот. Освен тоа, некои верски групи велат дека владејачката коалиција во која доминира македонска партија со православна ориентација ја политизира верата за нејзини сопствени политички цели, повикувајќи се на верските уверувања и идентитетот на мнозинството во земјата и со помош на МПЦ. Некои во владата и во муслиманската заедница велат дека и Исламската верска заедница во Македонија имала корист од блиските врски со владата. Тука пред се се спомнува владината поддршка на Исламската верска заедница да наплаќа за проверка на апликациите за визи за одење на аџилак во Саудиска Арабија. Во минатата година, како што се наведува во извештајот на Стејт департментот, имало извештаи за општествена злоупотреба или дискриминација врз основа на верска припадност, уверувања или практика. Во извештајот се споменуваат бројните случаи на вандализирање на гробишта и објекти, како и на ограбувања на православни цркви, а се наведува и дека расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски и натаму останува во затвор за проневера на пари.
Слично

Поврзани вести