Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департмент: Иванов да ја преиспита својата одлука

Стејт департмент: Иванов да ја преиспита својата одлука

САД се длабоко загрижени затоа што македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов  ќе ги помилува лицата што се предмет на истрага во врска со скандалот со прислушувањето, стои во соопштението од американскиот Стејт департмент.

Тие сметаат дека оваа одлука ќе ги заштити корумпираните службеници и ќе ги лиши граѓаните  од правдата. Ќе се поткопа владеењето на правото, интегритетот на  судските институции и кредибилитетот на посветеноста на лидерите кон темелните вредности на НАТО и на Европската Унија.

Како пријател на Македонија, Соединетите Американски Држави цврсто го повикуваат претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука и да ѝ дозволи на канцеларијата на Специјалното обвинителство, основано како дел од Договорот од Пржино,  да ги истражи сериозните обвинувања за грешките на владата и да им овозможи на судовите да си ја работат работата.

Слично

Поврзани вести