Стефан Николиќ именуван за член на Управниот одбор на АЛТА банка АД Битола
Избран е нов член на Управниот одбор на Алта Банка АД Битола, со што се комплетира одборот на банката.
Нов член на УО е Стефан Николиќ, а за новината банката информираше преку Македонска берза.
- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување и надзор:
АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека, согласно Одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор бр. 02-3275/1/II.21 од 2.3.2026 година и добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-9252/6 од 8.5.2026 година, г-дин Стефан Николиќ е именуван за член на Управниот одбор на Банката, со мандат од 1 година.
Со именувањето на г-дин Стефан Николиќ, Управниот одбор на Банката е целосно комплетиран, со што се обезбедува понатамошно ефикасно и континуирано управување со работењето на Банката, во согласност со стратешките цели и регулаторните барања - се посочува во објавата на берза.
Актуелни членови на УО на Алта Банка АД Битола се Александра Радевска и Зарије Коралија.
