Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стефан Јанев нов премиер на Бугарија

Стефан Јанев нов премиер на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев со указ денеска го распушти 45-тото народно собрание и назначи службена влада на чело со новиот премиер по службена должност Стефан Јанев.

Тој досега беше државен секретар за безбедност и одбрана, а претходно вицепремиер за внатрешни работи и безбедност и министер за одбрана до 2017 година.

Најважната функција на техничката влада ќе биде да ги организира новите избори, но не може да го ажурира буџетот или да зема надворешни заеми.

Бугарија речиси месец и пол дена по парламентарните избори не успеа да состави влада, а мандатот му беше вратен на претседателот Радев откако никој не успеа да договори мнозинска коалиција.

Јанев порано бил одбранбеното аташе во амбасадата на Република Бугарија во Вашингтон, шеф на одбранбената политика во Министерството за одбрана и раководител на Секторот за трансформација во Центарот за борба против тероризмот на НАТО во Анкара, 

Светлан Стоев е назначен за министер за надворешни работи од страна на Радев.


Слично

Поврзани вести