Стефан Андоновски: ИТ секторот ни донесе суфицит од 438 милиони евра за 2025
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски објави дека ИТ секторот на Македонија и донел за 438 милиони евра поголем извоз од увоз во 2025.
„Убави вести денеска - македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата
Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7% во однос на 2024 година.
Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс. Во 2025 година, увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра, што значи дека нето ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра“, објави Андоновски.
Најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра.
„Овие резултати уште еднаш покажуваат дека ИКТ секторот станува еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и технолошката трансформација на нашата економија“, додаде министерот.
Слично
