Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стечајците од Куманово не се откажаа и излегоа на протести

Стечајците од Куманово не се откажаа и излегоа на протести
Стечајците од Куманово беа доволно упорни и денес ги реализираа најавените протести без оглед што нивни членови најпрво биле повикани на разговор во полициска станица, а потоа им беше и забрането да ја блокираат наплатната рампа кај Романовце. Потоа се решија да го блокираат влезот на Куманово и на тој начин да го изразат револтот што нивниот статус и по неколку години се уште не е решен и не добиваат државна помош.
- Протестираме заради тоа што не се остварени нашите права. Оставени сме на заборавот од страна на сите. Во оваа држава не заборавија сите – невладините, позицијата и опозицијата. Две години никој ништо не спомнува за стечајците. Ние ќе продолжиме со нашите протести, но повеќе не вака. Ќе почнеме со регионални маршеви, ќе се оди од Куманово до Скопје за да покажеме дека постоиме и си ги бараме своите права, посочи претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска.
Со решение на владата најпрво беа опфатени групите на стечајци кои работеле во фирми со државна сопственост и тие добија право на надомест, но овие стечајци не влегоа во законот бидејќи работеле во фирми каде доминантен сопствен бил приватен субјект, а не државата па затоа нема основ по кој би добиле некаков вид на дополнителна помош.
Слично

Поврзани вести