Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стечајците утре пак на протест

Стечајците утре пак на протест
Стечајните работници и прогласените за технолошки вишок утре повторно ќе протестираат пред Владата. Најголемиот дел од оние што утре ќе излезат на протест се со нерешен статус и по последното закононско решение со кое Владата го прошири опсегот на стечајни работници што примаат месечна парична помош до пензионирање.
„За околу 6.000 стечајци овој закон воопшто не важи. Демек, не сме работеле во државни фирми, туку во акционерски друштва. Па во тие АД најмногу акции имаат државните фондови. Истите тие фирми ги сметаат за приватни кога не им одговара материјално да не обезбедат, а кога ги продаваат тогаш не се приватни – туку државни. Голем е револтот од оваа неправда и немаштија“, вели Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението УНИТ.
Протестот утре во 10 часот ќе започне пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе продолжи пред Владата.
Слично

Поврзани вести