Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стечајците утре на нови протести

Стечајците утре на нови протести
Стечајните работници од Куманово утре повторо доаѓаат на протест во Скопје за да го изразат своето незадоволство затоа што сите не беа опфатени со последниот Закон за обесштетување на стечајците. Според најавите тие ќе протестираат пред МРТВ, а потоа ќе продолжат и пред седиштето на Сојузот на синдикати на Македонија и пред Влдата. „И покрај најавите за повеќедневни протести со шатори пред Владата, одлучивме поради безбедносни причини, бидејќи добивме сознанија дека младите сили на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги нападнат, истите да не се одржат. Имаме стари, изнемоштени лица, и тоа ни е премногу ризично“, истакна претставничката на стечајните работници, Лилјана Георгиевска.
Слично

Поврзани вести