Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стечајците протестираат во Куманово

Стечајците протестираат во Куманово
Здружението на стечајни работници ”УНИТ” денескаорганизра нови протести пред зградата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и синдикалната општинска организација во Куманово. Стечајците бараат разрешување на регионалното синдикално раководство и итна средба со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски. Освен ова, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бараат да им овозможи средба со лидерот на партијата, премиерот Никола Груевски. Стечајците Што пртестираат се незадоволни затоа што не се опфатени со последните измени во законот за обесштетување, со кој се предвидува месечен паричен надоместок од 7.100 денари до пензионирање или повторно вработување. Сепак незадоволните велат дека од новиот закон ќе се офајдат само мал број стечајци, а поголемиот дел и понатаму ќе останат со нерешен статус. Според Владата, овој закон го решава статусот на околу 3.000 работници од фирмите во мнозинска државна сопственост кои заминаа во стечај. Услов е работниците да имаат најмалку 25 години стаж и во меѓувреме да не напуштиле работно место по сопствена волја или вина. Пријавувањето на лицата кои ќе имаат право на овој надоместок е во тек.
Слично

Поврзани вести