Стечајците на нов протест пред ССМ и пред Влада
Стечајните работници од здружението УНИТ денеска на нови протести пред Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и пред Владата. И натаму бараат сите да бидат опфатени со Законот за обесштетување на оваа категорија граѓани.
Пред ССМ ќе побараат средба со првиот синдикалец Живко Митревски, од кого бараат поагресивно да ги застапува нивните права. Потоа протестот ќе го продолжат кон Владата.
Протестот е поддржан и од Движењето за социјална правда „Ленка“ и Левичарското движење „Солидарност“.
Слично
