Стечајците и професионалните војници на дневен ред во Собранието
Законските измени кои предвидуваат месечен надоместок за стечајците и вработување во државна служба на професионалните војници по армискиот отпуст денеска се пред пратениците. Двата закони ќе се менуваат по скратена постапка.
Со измените се предвидува околу 3.000 стечајци да добиваат месечен надоместок од 7.100 денари, додека околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ да бидат ангажирани во државните институции.
Опозицијата ги оспорува решенијата за кои вели дека не го решаваат проблемот на овие категории граѓани.
На дневен ред денеска пред пратениците се и измените во Законот за минимална плата, со кои се предвидува фазно зголемување на најниската плата во Македонија, од сегашните 8.050 на 10.080 денари до 2016 година.
Слично
