Стечајците бараат од Градот Скопје да им одобри поставување на шатори пред Собранието
Стечајците од здружението УНИТ поднесоа официјално барање до Градот Скопје да им дозволи поставување шатори пред Собранието за да протестираат за законско решение со кое ќе се уреди нивниот статус.
Барањето било поднесено уште вчера, но од Градот уште не добиле одговор.
Лидерката на стечајците Лилјана Георгиевска најавува дека ако не добијат одобрение, протестите ќе ги продолжат со блокада на крстосницата до Собранието, една од клучните сообраќајни артерии во Скопје.
“И да не го добиеме тоа одобрение, ние нема да се откажеме од протестите. Ќе ја блокираме крстосницата се додека не сè исполнат нашите барања“, вели Георгиевскa за Плусинфо.
Од протести денеска се откажале заради најавените протести за случајот „Монструм“ поради кои не сакале да придонесуваат за дополнителни тензии.
Слично
