Стечајците бараат нов закон кој ќе ги опфати сите
Нов закон за стечајци со кој ќе бидат опфатени сите - побараа стечајните работници од новиот собраниски состав на денешниот протест во Скопје. Не се задоволни од законското решение со кое се предвидува обесштетување на само дел од нив, оние кои работеле во пропаднатите фирми што биле под државна капа заклучно со 7 април 2000 -та година.
„Излези, еднаш биди човек, реши го барањето на овие работници, изедначи ги со другите стечајци“, го повика премиерот Никола Груевски лидерката на стечајното здружение УНИТ Лилјана Георгиевска.
Подршка на стечајците им дадоа граѓанските здруженија и организации „Солидарност“, „Ленка“ и „8 септември“. Според нив, сегашниот закон за стечајци е само политичка манипулација - за да се обештетат сите стечајци не е голем трошок и на годишна основа треба да се одвојуваат само 0,46 проценти од буџетот на државата.
Претходно, стечајците на протестот не успеаја да остварат средба сопрвиот синдикалец Живко Митрески, кој заради проблеми со канализацијата не бил во синдикалната зграда.
Слично
