Студентите поевтино, пензионерите без пари на скијање во Маврово
Студенти и пензионери со парични бенефиции во Маврово.
Студентите од сите универзитети во Македонија ќе добијат попуст од 30 отсто на ски билетите, најави денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
„Ова е одлична можност за сите граѓани и љубители на белиот спорт со статус на студенти, кои веќе одлучиле зимскиот одмор или некој од викендите да го поминат токму во Маврово. И за оние кои се уште не одлучиле, понудата е интересна и атрактивна за да се рекреираат, да се дружат и забавуваат на една од нашите најубави планини Бистра, притоа заштедувајќи средства“, рече Ристовски.
Освен студентите, кои на Маврово ќе скијаат поевтино, се офајдија и пензионерите.
Сите повозрасни од 65 години на планина и на скии ќе можат да уживаат бесплатно, се разбира доколку се чувствуваат подготвени за овој спорт.
Ова бесплатно уживање во снежната белина на Маврово и вратоломиите во ски-вештините им го овозможи ски-центарот „Заре Лазаревски“, а е поддржано од Министерството за образование и наука.
Слично
