Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставриќ излезе од притвор, правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода

Ставриќ излезе од притвор, правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода
Офталмологот Дејан Ставриќ, кој пред два дена беше осуден на една година затвор по обвинението за примање поткуп за незаконско посредување, попладнево беше пуштен од притвор. Правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода, одлучи судот. Ставриќ најавува дека неговата правна битка допрва почнува и најави жалба за пресудата до сите инстанци во земјава, но и надвор. „Овој обид да се казни слободата на мислата дефинитивно потсетува на некои други времиња и не припаѓа во 21 век, но ќе видиме, ќе одиме до крај во судската постапка, па ќе видиме како ќе излезе, се разбира и надвор од границите на оваа земја. Покрај целата тежина на оваа неправда мора да се каже дека во ова време тоа претставува комплимент“, вели Ставриќ за ТВ Телма. Решението Ставриќ да се брани од слобода не било обжалено од Обвинителството. Лекарот беше уапсен пред 20-тина дена, а пресудата против него беше донесена експресно, на само едно рочиште.
Слично

Поврзани вести