Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставревски:Македонија е поволна бизнис дестинација за индиските компании

Ставревски:Македонија е поволна бизнис дестинација за индиските компании
Македонија е брзорастечка економија која се наоѓа на раскрсница меѓу Истокот и Западот и Северот и Југот, што ја олеснува работата на бизнисмените кои што се наоѓаат во Македонија за извоз во која било европска земја, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред индиските бизнисмени на форумот во Ченаи. „ Пред кризата Македонија имаше просечна стапка на раст од 5 до 6 проценти, а исто така и многу полесно излезе од кризата споредено со други европски земји. Стапката на растот во 2010 и 2011 изнесуваше три проценти што се заснова на извозот кој што се зголемува од 25 до 30 проценти на годишно ниво. Ова се јавува поради странските директни инвестиции, односно компаниите кои што отвориле свои бизниси во слободните економски зони“, рече Ставревски и  потенцираше дека Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ што е важно за секој бизнисмен. Ченаи, која е петта дестинација каде владината делегација ги претставува инвестициските можности во Македонија пред индиски стопанственици во повеќе градови има4,7 милиони жители и 24 водечки индиски компании кои вредат над милијарда долари. Тој е познат како град на автомобилската и информатичката индустрија.
Слично

Поврзани вести