Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставревски : Рангирањето на Дуинг бизнис потврда за реформите што ги прави Владата

Ставревски : Рангирањето на Дуинг бизнис потврда за реформите што ги прави Владата

Kонтинуирана работа во текот на годините придонесе од 96-то место на Дуинг бизнис во 2005-2006 година Македонија да биде рангирана на 23-то во 2012 година.

- Шест години наназад бевме меѓу првите десет топ реформатори. Во 2012 година дојдовме до она рангирање на 23-место во светот, наместо 96-то место од 185 земји колку што беа во конкуренција, рече министерот Ставрески и додаде дека повеќе од 15 земји од ЕУ се зад Македонија.

Рангирањето од страна на Дуинг бизнис, посочи, е најдобар показател за крупните реформи што се прават за подобрување на условите за водење бизнис. Но, додаде дека тоа не значи оти во таа година ќе дојдат сите светски инвестиции во Македонија.

- Инвеститорите ги гледаат резултатите во континуитет од пет-шест години што е показател дека си сериозен во однос на бизнисот и дали кога ќе инвестира во земјата ќе има добри услови во наредните пет-шест години, рече министерот Ставрески.

Слично

Поврзани вести