Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставревски: Никој не верува дека Црвенковски знае да ги реши проблемите

Ставревски: Никој не верува дека Црвенковски знае да ги реши проблемите
„Вчера, Бранко Црвенковски и СДСМ повторно, по којзнае кој пат, се скара со сите институции, организации и поединци, со сите кои не мислат како него. Бранко Црвенковски вчера ги навреди и заплаши синдикатите, коморите, новинарите, интелектуалците, стопанствениците- само поради тоа што никој од нив не верува дека Бранко Црвенковски има знаење и капацитет да им ги решава проблемите“, изјави денеска вицепремиерот Зоран Ставравски за синоќешниот голем митинг на опозицијата во Скопје. Во своето обраќање, Ставревски упати отворени прашање до лидерот на СДСМ: -Г-дине Црвеновски што вие сте направиле за пензионерите на кој им ги намали пензиите за 8%?! Што вие сте направиле за студентите кога тие во твое време плаќаа дури десет пати повеќе за партиципација за студирање?!Што вие сте направиле за земјоделците знаејќи додека беше на власт не добиваа ниту еден денар за субвенции? Конечно, г-дине Црвенковски што вие сте направиле за невработените, знаејќи дека токму во твое време 200 000 од нив останаа без работа, а стапката на невработеност ја донесовте на рекордно ниво од близу 40%?! Според Ставревски, Црвенковски е свесен дека поразот на локалните избори за него навистина ќе значи дека ќе мора да си оди од политиката. Затоа се обидува со повик за предвремени парламентарни избори да го мотивира сопственото членство. Во тоа дека тој нема капацитет да победи веруваат и неговите најблиски соработници, кои без дилема, му откажаа и се повлекоа од трката за локални избори, чекајќи го него сам да го понесе поразот на локалните избори, рече вицеппремиерот.      
Слично

Поврзани вести