Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставревски : Не сакам да коментирам за снимки што се поседуваат нелегално

Ставревски : Не сакам да коментирам за снимки што се поседуваат нелегално
Министерот за финансии Зоран Ставревски, денеска не сакаше да коментира за автентичноста на аудио снимките што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, пишува Фокус. ,, Не би сакал и не би можел да коментирам за автентичноста  или за било кој друг аспект за снимки кои се стекнати, креирани и со кои се располага на незаконски начин. И очекувам преку правна завршница институциите да ги разгледаат сите околности и тогаш ќе бидат познати сите факти." – рече Ставревски. Според опозицијата, во објавените снимки од телефонски разговори е дел и министерот Ставрески кој разговара со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за отфрлување на кривична пријава против него од страна на обвинителството.
Слично

Поврзани вести