Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставревски: Македонската економија е добра и нема ризик за банките да го интензивираат кредитирањето на стопанството

Ставревски: Македонската економија е добра и нема ризик за банките да го интензивираат кредитирањето на стопанството
Со оглед на тоа дека резултатите на македонската економија оваа година се добри, меѓу најдобрите во Европа, ризикот за банките е намален и очекувам и во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка на стопанството, рече денеска вицепремиерот Зоран Ставрески по пуштањето на реконструираниот граничен премин Блаце. - Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека постепеното заздравувањето на економијата го поддржува и приватниот сектор, односно инвестициите во приватниот сектор за кои се потребни банкарски кредити. Ние го помагаме тој процес и со новите 100 милиони евра од Европската банка кои со 5,5 проценти камата преку банките можат да завршат во малите и средни претпријатија, рече Ставрески.
Слично

Поврзани вести