Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: „Форбс“ потврди дека сме лидери во водење бизнис

Ставрески: „Форбс“ потврди дека сме лидери во водење бизнис
Рангирањето на Република Македонија од страна на „Форбс“ на 37. место е уште една потврда дека земјава е лидер во регионот од аспект на условите за водење бизнис, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Форбс“ рангира според 11 индикатори и добро е за нас што еден по еден сите меѓународни рејтинг агенции и респектабилни институции ја рангираат Македонија како најдобра од  регионот од аспект на сите услови што се важни за компаниите“, изјави Ставрески и нагласи дека ова е уште еден значаен сигнал  за инвеститорите. „Тие ги следат индикаторите од „Форбс“ од „Дуинг Бизнис“ и други реномирани  часописи или институции и на тој начин полесно ќе се решат да пласираат  свои инвестиции во Република Македонија“, рече Министерот.

На најновата листа на земји најповолни за водење бизнис, „Форбс“ ја рангираше Македонија на 37-мото место во конкуренција од 141 држава.

 
Слично

Поврзани вести