Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Економијата заздравува, растот е повисок од очекуваниот

ММФ: Економијата заздравува, растот е повисок од очекуваниот
По десетдневната мисија во Македонија ММФ оцени дека економијата во земјата закрепнува, а растот е засилен и подобар од сите наши очекувања. - Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели на раст се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето-извозот со важните или растечки придонеси на извозот од страна на странските мултинационални компании, истакна шефот на мисијата Ивана Влаткова Ковар. Политиките да почнат да се поместуваат во смисла на завршување на циклусот на олабавување на монетарната политика и на спроведување на планираното намалување на фискалниот дефицит почнувајќи со буџетот за 2014 година, се препораките од ММФ. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески македонската економија годинава заздравува подобро од очекуваното. - Резултатите во првите девет месеци се над проектираните што ни дава надеж дека до крајот на 2013 ќе може да оствариме подобри резултати, истакна Ставрески. БДП во 2013, рече, ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти со можност за подобро остварување ако се реализира сценариото за дополнително заздравување на европската економија.
Слично

Поврзани вести