Ставрески:Каматите кај банките ќе паѓаат
Намалувањето на каматните стапки на Народна банка и на Министерството за финансии претставуваа јасен сигнал за банкарскиот сектор дека очекуваме и таму да дојде до постепено, но значајно намалување на каматните стапки, бидејќи има простор тоа да се направи и има слободни ликвидни средства што е значајно во што поголем износ да завршат во економијата, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Во врска со девизното штедење потенцира дека радува податокот што се зголемува денарското штедење, како знак на доверба во македонскиот денар и банкарскиот сектор.
- Со оглед на состојбите во Европа и кризата што се јавува таму во повеќе економии, како и кризата на еврото како валута, логичен редослед е дека граѓаните ја искажуваат довербата во денарот кој е стабилен и кој согласно постојните макроекономски политики и ниското ниво на буџетски дефицит и задолженост на земјата, како и дисциплинираната фискална политика и координираната монетарна политика, нема причини да не се штеди во денари, бидејќи приносот е поголем, одосно каматата на денарското штедење е значително поголема - истакна Ставрески.
Во врска со блокираните сметки на околу 60 илјади фирми, според Ставрески треба да се види каква е оперативната состојба на сметките на тие фирми, бидејќи, како што истакна, значаен број сметки во платниот промет се на фирми што не работат активно, односно немаат вработени, ниту пак имаат активност, а во исто време претставуваат пречка и проблем за нормално функционирање на платниот промет.
Слично
