Ставрески во потрага по инвестиции во Азербејџан
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја предводи делегацијата која денеска е во посета на Азербејџан.
Ставрески веќе имаше средба со министерот за економија и индустрија на Азербејџан Шахин Мустафајев на која беше зборувано за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји, како и можностите за нејзино унапредување.
„Во рамки на посетата, делегацијата оствари состаноци и со повеќе компании од областа на градежништвото, прехранбената индустрија, како и средба со турско – азербејџанската бизнис асоцијација ТУСИАБ. На состаноците со овие компании беа дискутирани можностите за соработка и од наша страна им беа презентирани поволностите за инвестирање во Македонија“, стои во официјалното соопштение од Министерството.
Заедно со Ставрески, во делегацијата се и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски и советникот за странски инвестиции Хади Незир.
Слично
